Утрински Весник
Македонија

За да не протекува вода во главното фоаје, МНТ со 1, 2 милион денари ќе го поправа платото

За да не протекува вода во главното фоаје, МНТ со 1, 2 милион денари ќе го поправа платото

Македонскиот народен театар почна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот – Кон музејот на Холокаустот.

Од МНТ велат дека се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот.

Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје.

„Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го започнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од Ковид-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар“, велат од МНТ.

Средствата, во износ од 1.200.000,00 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура.

 

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?