Утрински Весник
Македонија

За април и мај нема да се плаќа партиципација во гевгелиските детски градинки

За април и мај нема да се плаќа партиципација во гевгелиските детски градинки

Гевгелија, 22 мај 2020(МИА) – Управниот одбор на ЈОУ „Детска радост“ од Гевгелија, во време на вонредната состојба поради пандемијата на корона вирусот,одлучи да ги ослободи родителите од плаќање партиципација за престој на децата во градинките за месеците април и мај.

При носење на одлуката надлежните го имале во предвид мислењето на градоначалникот Сашо Поцков и направените анализи во општина Гевгелија според кои за време на пандемијата предизвикани се значителни последици во гевгелиското стопанство,посебно во одделни негови дејности кои негативно се одразиле на стандардот на граѓаните.

-Од плаќање партиципација за престој на децата во градинките,за месеците април и мај,во износ од 1.490 денари ќе бидат ослободени 800 родители,а за месец март кога децата во градинките престојуваа само 10 дена,нивните родители платија само по 521 денар колку што изнесуваа материјалните трошоци,рече директорката Бети Стефановска.

Вработените и објектите на шесте градинки на ЈОУ ,,Детска радост,, од кои три се во Гевгелија и по еден во Богородица,Негорци и Миравци се подготвени да ги примат децата кога за тоа ќе биде донесена одлука. им/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција