Утрински Весник
Македонија

Гостиварските градинки добија нова опрема вредна над 150 илајди евра

Гостиварските градинки добија нова опрема вредна над 150 илајди евра

Гостивар, 22 мај 2020 (МИА) – Со последната инвестиција над седумстотини деца ќе добијат попријатни услови за престој во гостиварските градинки. Преку проект реазлизиран со средства до Светска банка, набавена е нова опрема за кујните, мебел и дидактички материјал.

Инвестицијата ја промовираше градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари кој напомена дека подновувањето значително ќе подигне квалитетот на згружуавњето на децата. Тој најави и нови содржини кои ќе ги финансира локалната самоуправа.

– Ова е втора интервенција во градинките. Минатата година инвестиравме во реконструкцја на тоалетите, а сега во опремата во просториите за престој и згрижување. На овој начин созадавоме достоинствени услови за нашите деца. Покрај НОВО Сонце, во опремувањето имавме и поддршка од компании и поединци кои беа несебични и донираа книги и друг едукативен материјал, изјави Таравари.

Од оваа учебна година во градинките децата бесплатно ќе изчуваат го англискиот јазик и музичко воспитување, а трошокот околу ќе го подмири локалната самоуправа.

Таравари очекува скринингот на персоналот во градинките да започне од понеделник, а до крајот на месецот и објектите да бидат отворени, со оглед на тоа, како што кажа, неопходните подогвотвки се завршени.

Директорката на ЈУ „Детска радост“ установата која раководи со градинките истакна дека оваа донација е исклучително важна за престојот на децата во сите објекти.

– Освен мебел, масички и столчиња, се подновивме и со креветчиња и постелнини. Меѓу другото набавен е нов прибор за јадење и опрема за кујните. По ова, децата добиваат нов и современо опремен дом во кој ќе растат и развиваат, рече Мирјана Мицоска директор на ЈУ „Детска радост“.

Пред затварањето заради пандемијата, во четири градинки и петте центри за ран детски развој се згрижуваа над 750 деца. На листите за чекање има околу 250 дечиња. Наскоро се очекува да биде отоврена уште една градинка, во која се изведуваат завршините работи.

Локалните власти на последниот проект за опремување на градинките, започнаа да работа од лани. Од Светска банка беа обзебедени 137 илјади евра, а поддршка добиле и од НВО Сонце со 15 илјади евра.згм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК в понеделник ќе има на маса 27 приговори за парламентарните избори

Политичките партии поднесоа 27 жалби за парламентарните избори

Жител од Теарце со изгореници завршил во болница откако му се запалил домот