Утрински Весник
Свет

Захарова: Ќе одговориме на сите мерки на САД, па дури и на идиотските

Коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека Русија ќе одговори на сите мерки, вклучително и на, како што рече, оние идиотските, пренесува „Спутник“.

„Сите мерки што ќе ги преземат, дури и оние од идиотска природа, ќе добијат свој развој и продолжение, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го сфатат тоа“, рече Захарова за време на емисија на јутјуб-каналот „Соловјов во живо“.

Претходно портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, за Си-ен-ен изјави дека САД ја анализираат можноста Русија да ја вклучат на листата на терористички соучесници.

Според „Спутник“, Москва смета дека ваквите изјави од Вашингтон се пропаганден потег.

Можете да прочитате

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци

Францускиот премиер предлага укинување на два државни празника за намалување на долгот

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва