Утрински Весник
Свет

Захарова: Ќе ги развеселиме САД со една црна листа

Захарова ја осуди ЕУ-политиката на санкции кон Русија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, најави руска црна листа како одговор на санкциите наметнати од САД и ЕУ во врска со случајот Навални.

Агенцијата „Тасс“ пренесува дека за време на нејзиното гостување во главната политичка емисија на првиот канал на државната телевизија, „Времето ќе покаже“, таа најавила дека Русија соодветно ќе одговори на американските санкции и дека се подготвува соодветна црна листа.

„Во согласност со начинот на кој се однесуваат Американците и начинот на кој ги објавија сите свои списоци одеднаш, мислам дека наскоро ќе ги развеселиме“, рекла Захарова, а пренесува агенцијата.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека последните санкции на САД и Европската унија против руски лица и организации поради случајот Навални, претставуваат мешање во руските внатрешни работи и се неприфатливи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање