Русија е подготвена да разговара за прашањата за деескалација и спречување на инциденти со Северноатлантската алијанса, но без ангажман на воени експерти, овој дијалог нема смисла, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
“Русија не избегнува дијалог со НАТО и е подготвена за вистинска дискусија за прашања на деескалација и спречување на инциденти. Но, без вклучување на воени експерти, разговорите за овие прашања навистина не би имале смисла. Господинот Столтенберг е свесен за тоа “, рече Захарова во својата изјава.
Осврнувајќи се на коментарот на Столтенберг дека топката сега е во дворот на Москва, Захарова изјави „Господине Столтенберг, ве молиме вратете ги вашите голови на теренот и ние ќе постигнеме гол“.
Претходно, шефот на НАТО имаше предлог да се продолжат состаноците на Советот НАТО-Русија, истакнувајќи дека Москва е поканета да одржи дијалог пред повеќе од една година, но дека никогаш не одговорила.
Советот НАТО-Русија е основан во 2002 година врз основа на договори со посредство на италијанската влада предводена од Силвио Берлускони.
Последниот состанок, Советот го одржа во јули 2019 година.