Утрински Весник
Свет

Захарова: Не смеат да даваат податоци без дозвола на Берлин

Захарова: Не смеат да даваат податоци без дозвола на Берлин

Организацијата за забрана на хемиско оружје е подготвена да сподели информации за случајот Навални со Русија само доколку добие дозвола од Берлин, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа за руската телевизија Дожд изјави дека организацијата ги потврдила заклучоците на Берлин за време на истражувањето, но дека не можат да ги споделат тие информации со Русија сè додека не добијат одобрение од Германија, пренесува ТАСС.

Таа додаде дека руското генерално обвинителство испратило четири барања до германските власти, но дека тие не добиле никаков одговор.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални колабираше на 20 август на пат од Сибир кон Москва и падна во кома, а два дена подоцна беше префрлен во болница во Берлин, каде што беше утврдено дека е наводно отруен од нервен агенс новичок.

Пред три дена ОПЦВ потврди дека биомаркерите покажале дека има забранета супстанција во неговата крв.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД