Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Захарова: Не се закануваме со нуклеарно оружје, тоа го споменува Западот

300x250 opst2

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова повторно го обвини Западот дека споменува нуклеарна војна.

dobivaj vesti na viber

„Темата за наводната можна нуклеарна закана од Руската Федерација постојано е на агендата на западните земји, а за тоа нема изјави од руска страна“, рече Захарова.

„Претставниците на истите либерални режими кои започнаа и најавија хибридна војна во форма на глобална конфронтација разговараат на оваа тема речиси секој ден. Секој ден, темата за нуклеарното оружје е на агендата на западните режими“, рече таа во средата за радио Спутник, а јави руската агенција ТАСС.

Захарова истакна дека, и покрај тврдењата дека „Русија му се заканува на целиот свет со нуклеарно оружје“, нема ниту една изјава од Москва на оваа тема.

„Ова го наведува британската страна, САД, Јапонија и голем број земји-членки на ЕУ, но нема изјава во која официјален руски претставник, владин функционер, политичар директно во системот на управување на земјата да кажал, да се заканувал или да зборувал. хипотетички за ова“, рече Захарова, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори