Утрински Весник
Свет

Захарова: Косово е црна дупка во Европа, неуспешен проект на Западот

Захарова: Косово е црна дупка во Европа, неуспешен проект на Западот

Косово не е држава и нема никакви можности, вели портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, оценувајќи дека денес тоа е црна дупка во Европа, каде што цвета организираниот криминал и корупцијата и каде има атмосфера на национално и верско ниво и се создава омраза и нетрпеливост, пренесуваат медиумите во регионот.
Во интервју за „Курир“, Захарова вели дека западниот проект Косово пропаднал, без оглед, вели таа, на огромните пари што биле „пумпани во него“.

Според написите на медиумите Захарова вели: “Новите косовски власти, предводени од премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, проповедаат отворен политички екстремизам. Косово стана проблем за европскиот континент”.

Захарова потсетува дека таканаречените бриселски договори биле усогласени во 2013 година и дека Белград го исполнил својот дел од тие решенија, додека Приштина одбила да го обезбеди клучниот услов – создавање на Заедница на српски општини, пренесуваат регионалните медиуми.

„Актуелните косовски власти воопшто не сакаат да го разгледаат ова прашање, а Брисел се ограничува на лабави повици, без конкретни чекори“, рече Захарова, која истакна дека не ја гледа поентата во вклучувањето на Русија во процесот на преговори.

„Дијалогот беше започнат во согласност со резолуцијата на Генералното собрание на ООН, која Белград побара од нас да ја поддржиме. Тоа е она што го сторивме“, вели Захарова.

Таа исто така посочува дека односите меѓу Русија и Србија се засноваат на долга традиција, взаемно почитување и разновидна заемно корисна соработка.

„Русија соработува со Србија под услови на еднаквост, зајакнување на производствените капацитети, енергија, инфраструктура, создавање предуслови за развој во корист на сите граѓани“, посочи Захарова.

Таа потсети дека Договорот за слободна трговија меѓу Србија и земјите на ЕАЕУ – Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан – ќе стапи на сила на 10 јули, додавајќи дека документот отвора нови големи можности.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници