Утрински Весник
Свет

Захарова за протерувањето на руските дипломати: Изразито непријателски чекор на Северна Македонија

Захарова за протерувањето на руските дипломати: Изразито непријателски чекор на Северна Македонија
Dik 300x250 mk

Русија ќе одговори со возвратни мерки за протерувањето на петмина руски дипломати од Северна Македонија, изјави денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Според неа, станува збор за изразито непријателски чекор кој е продолжување на курсот што го презеле властите во Северна Македонија пред неколку недели, а кој води кон брзо рушење на билатералните односи со Русија, пренесува агенцијата ТАСС.

„Со приклучувањето кон русофобната хистерија иницирана од Западот, Скопје повторно ја потврди својата подготвеност непромислено да го жртвува својот суверенитет и да носи одлуки кои се спротивни на расположението во општеството и спротивни на основните национални интереси“, рече Захарова.

Од Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека го повикале рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил