Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Захарова: Гутереш не се обидел да разговара со Путин

Захарова: Гутереш не се обидел да разговара со Путин
300x250 opst2

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не се обидел да стапи во контакт со рускиот претседател од почетокот на руската воена операција во Украина, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа изјавила дека никој не се обидел да стапи во контакт со Владимир Путин, ниту преку Постојаната мисија на Русија во ОН, ниту директно со Министерството за надворешни работи, пренесува РИА Новости.

Захарова, исто така, ги негираше претходните тврдења на официјалниот портпарол на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик, дека Гутереш наводно се обидел да стапи во контакт со Путин уште од првиот ден од воената операција.

Гутереш рече дека потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс, како негов специјален пратеник, отпатувал во Москва и Киев за да се постигне хуманитарен прекин на огнот, што, како што рече, во моментов се чини не е можно, пренесе АП.

Грифитс денеска изјави дека планира повторно да отпатува во Русија за да разговара за ситуацијата во Украина, по посетата на Турција, која треба да биде реализирана во текот на неделата, пренесе Тасс.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори