Утрински Весник
Свет

Захарова: Ако Киев е вмешан во смртта на Дарја Дугина, тоа е државен тероризам

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска по повод смртта на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина изјави дека доколку надлежните органи ја потврдат украинската трага во нејзиното убиство, тогаш постои политика на државен тероризам што го спроведува Киев.

dobivaj vesti na viber

„Руските власти ја истражуваат смртта на Дарја Дугина. Ако се потврди украинската трага, а оваа верзија ја претстави лидерот на ДНР, Денис Пушилин, и мора да биде проверена од властите, тогаш тоа е политика на државен тероризам спроведена од режимот во Киев“, напиша Захарова на Телеграм.

Рускиот истражен комитет соопшти дека податоците добиени во истрагата покажуваат дека злосторството во кое загина Дарја Дугина било претходно планирано и нарачано, пренесе РИА Новости.

Утврдено е дека експлозивната направа била поставена под возачкото седиште.

„Дарја Дугина која била зад воланот починала на лице место“, се наведува во соопштението.

Во моментов, истражителите, со учество на експерти од Главната управа за судска медицина на Рускиот истражен комитет, продолжуваат да го истражуваат местото на убиството.

Дугина е ќерка на влијателниот руски филозоф Александар Дугин, кого прозападните медиуми го нарекуваат „мозокот на Путин“, а во моментот на смртта била во автомобилот на нејзиниот татко.

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина