Утрински Весник
Македонија

Захариева: Се прават напори да ги испорачаме ветените вакцини за Северна Македонија

Захариева: Се прават напори да ги испорачаме ветените вакцини за Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на враќање од посетата на Париз, денеска во Софија оствари средба со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со корона-кризата и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.

„Во оваа прилика Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението за средбата.

Во него се додава и дека на состанокот станало збор за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање на втора меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија