Утрински Весник
Свет

Затворска казна за пет доктори од Јордан кои предизвикале смрт на 10 пациенти

Затворска казна за пет доктори од Јордан кои предизвикале смрт на 10 пациенти

Судот во Јордан денеска осуди пет високи здравствени службеници за предизвикување смрт на 10 пациенти со Ковид 19 поради недостаток на кислород во државната болница, објавија државните медиуми.

Судот ги прогласи за виновни поранешниот директор на државната болница во Салта, западно од главниот град, и четворица негови помошници.

Пациентите кои се лекуваа во оваа установа починаа во март, кога персоналот не реагираше на недостатокот на кислород речиси еден час.

Катастрофата предизвика големи антивладини протести во многу градови. Политичарите и локалните активисти тврдеа дека овој настан укажува на сериозна негрижа во државниот здравствен систем.

Министерот за здравство Натир Обеидат поднесе оставка неколку часа по настанот, а премиерот Бишер ал-Касавене јавно се извини.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус