Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во Дебар, приведен сопственикот

Приведени 9 лица откако биле затекнати во угостителски објект

Ноќеска полицијата затворила угостителски објект од Дебар а сопственикот бил лишен од слобода бидејќи не биле почитувани времените мерки и протоколи.

Според информации од МВР, вчера во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар.

При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул.„8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19.

Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба.

За случајот е запознаен и Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, велат надлежните.

Можете да прочитате

Онколошките пациенти прашуваат: Дали и понатаму ќе се лечите кај доктор Мери Пешевска

Падна договор, британски експерти ќе не советуваат за брзата железница – Договорот е дел од партнерството со Велика Британија

Алиу: Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово претходно се лекувало во приватна здравствена установа