Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во гостиварско, приведени сопственикот и странски државјанки

Во последните седум дена извршени 4.817 надзори и контроли, затворени се пет угостителски објекти

Угостителски објект во село Неготино, гостиварско бил затворен а приведени се сопственикот и странски државјанки кои во моментот биле затекнати во објектот, информираат од министерството за внатрешни работи.

Според информациите од таму, синоќа во 20.30 часот, полициски службеници од Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Неготино, гостиварско, сопственост на С.Т.(21) од с.Неготино.

При контролата во објектот биле затекнати 30 лица- гости, бенд со четири изведувачи и 13 женски лица(пет странски и осум македонски државјанки) кои ги забавувале гостите и било констатирано дека не биле почитувани протоколите за спречување на ширењето на Ковид 19.

Притоа, сопственикот на објектот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.

Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „загрозување на сигурноста“.

Во полициска станица биле приведени и странските државјанки(две од Косово, две од Албанија и една од Србија) поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трипуновски: Со отворање на подрачни единици и канцеларии, Министерството го приближуваме до земјоделците

БГНЕС: Целото семејство на министерката Божиновска се бугарски државјани

Стоилковиќ – Вучевиќ: Подобрување на положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Србија