Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во гостиварско, работел по дозволеното време

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

Во контрола на полициски службеници од Гостивар, затворен е угостителски објект во с.Беловиште, информираат од МВР

Вчера вечер во 21.20 часот, полициски службеници од Гостивар, заедно со државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Беловиште, гостиварско, сопственост на П.М.(50), при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време за работа и внатре биле затекнати седум лица со сопственикот.

Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно препораките од Владата, објектот бил затворен од државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против П.М. ќе биде поднесена пријава заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата