Утрински Весник
Македонија

Затворен кафе барот „Интермецо“

Затворен кафе барот „Интермецо“

Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект „Интермецо“ ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава. Со оглед на горенаведеното правно лице, за кое веќе му е изречена глоба во износ од 6000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот „Интермецо“ му се изрекува забрана за вршење дејност. Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа“ соопшти Општина Центар.

Оттаму велат дека ќе продолжат со редовни и засилени контроли и согласно своите надлежности, ќе преземат поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација