Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент

Во Куманово лани благо намалување на собраните крвни единици во однос на претходните години
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Одделението за трансфузилогија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице кое како пациент  дошло преку системот „Мој термин“, а по неколку дена му се развиле симптоми и сега е дифинитивно дијагностициран со коронавирусот, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Согласно контактот што го имало лицето со сите вработени иако не се сите во висок ризик беше донесена  одлука од страна на епидемиолозите сите десет вработени, докторите, медицинските сестри, помошниот технички персонал да бидат во домашна изолација, изјави Филипче.

Посочи дека снабдувањето со крв во Охрид не е загрозено подаи затворањето на Одделението за трансфузиологија.јв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ