Утрински Весник
Македонија

Затворениот базен во „Суитлак“ се очекува за една година, почна изградба и на кошаркарско игралиште

Затворениот базен во „Суитлак“ се очекува за една година, почна изградба и на кошаркарско игралиште

Штип, 16 мај 2020 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски денеска извршија увид во изградбата на затворениот базен и на почетокот на изградбата на кошаркарско игралиште во спортско-рекреативната зона „Суитлак“ во Штип.

Каевски истакна дека изградбата на овие два спортски објекта се во насока да ги подигнат спортските стандарди и со изградбата на нова инфраструктура да се придонесе што е можно повеќе млади да го заскаат, но и да го практикуваат спортот.

-Драго ми е што активностите, и покрај тоа што се наоѓаме во една специфична ситуација, се одвиваа во најдобар ред, динамиката е согласно  предвидениот план и, секако, очекуваме штипјани за брзо време да добијат затворен базен кој ќе биде ставен во функција. Рокот на изведба на овој базен е до септември 2021, но секако со ваквата динамика очекуваме некаде за една година, во мај или јуни, веќе да имаме функционален базен, рече Каевски.

Посочи дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму ќе работи на реализација на нови проекти за подигнување на спортот и стандардите.

 

Градоначалникот на Штип Бочварски рече дека од денеска во спортско-рекреативниот центар „Суитлак“ стартува и изградба на ново кошкаркарско игралиште, според сите пропишани стандарди.

-Се работи за баскет игралиште коешто ги има сите содржини, со еден кош, рефлектори, клупи, корпи за отпадоци и ќе ги задоволи сите стандарди за оваа игра да се применува повеќе, за младите да спортуваат и овој дел од градот да го заживееме, како една вистинска спортско-рекреативна целина, истакна Бочварски.

Тој најави дека Општината во оваа зона ќе има инвестиции во изградба на пешачки и велосипедски патеки и поставување реквизити за најмалите. вдј/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество