Утрински Весник
Македонија

Затвореник починал на пат кон Клиничкиот центар

Затвореник починал на пат кон Клиничкиот центар

Педесет и двегодишен затвореник починал на пат кон Клиничкиот центар.

Според информациите, ноќеска, околу 00.20 часот, од страна на лекар од итната медицинска помош било пријавено дека на пат кон Клиничкиот центар, во возило на затворската полиција, починал осуденикот Ќ. Р. (52) од с. Опае, Кумановско.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе му биде предадено на семејството.

Можете да прочитате

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите

Кој ги кочи предметите? Тасева и Салаи со сериозни обвинувања