Утрински Весник
Македонија

Засилени дезинфекциски мерки во Гевгелиско

Засилени дезинфекциски мерки во Гевгелиско

Гевгелија, 30 март 2020 (МИА) – Првиот детектиран и потврден случај на заразено лице од коронавирусот во Гевгелија ги натера надлежните од ЈПКД „Комуналец“ веднаш да ги засилат дезинфекциските мерки на улиците и јавните површини каде се движат и престојуваат граѓаните.

Улиците во градот и јавните површини се дезинфицираа уште синоќа, додека траеше полицискиот час и додека немаше движење по нив. Тоа беше прилика цистерните на претпријатието со дезинфициенси непречено да минат по градот и, како што велат надлежните, таквата операција ќе ја повторуваат секој петти ден.

Од гевгелиски „Комуналец“ потврдија дека по препорака на СЗО и Институтот за јавно здравје од Скопје, од 20 март пристапиле кон зголемување на количината на резидуален хлор во водоводната мрежа на ниво од 0,5 мг/л заради превенција на населението од Ковид-19.

Од претпријатието велат дека оваа количина била дозволена горна граница на хлор во водата, дека не била штетна по здравјето на луѓето и дека надлежни од институтот за јавно здравје ПЕ Гевгелија со технолог од „Комуналец“ редовно земале мостри за испитување на нивото на резидуалниот хлор во водата за пиење. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Законот за Кочани беше реална потреба за настраданите во трагедијата 

Ивановски: Сега е моментот Македонија да ја позиционираме на мапата на товарниот железнички транспорт како најбрз и најисплатлив транзитен пат од грчките пристаништа до Централна Европа

Минчев: Поддршка за европската иднина, но не по цена на македонскиот идентитет