Утрински Весник
Македонија

Засега нема нови рестриктивни мерки, комисијата ќе се состане идната недела

Засега нема нови рестриктивни мерки, комисијата ќе се состане идната недела

Комисијата за заразни болести попладнево на состанок одлучи дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки.

За евентуални дополнителни мерки, Комисијата ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

„Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно по викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд“, информираат од Министерството за здравство по состанокот.

Министерот Венко Филипче смета дека мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила, како забрана за работа на угостителски објекти по 21 часот, групирање повеќе од 4 лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Анти-ЕУ и анти-САД кампања со полна пареа

Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм – политиките за изолација скапо ја чинат Македонија