Утрински Весник
Македонија

Започна исплатата на трошоци за храна за ноќна работа за 2021 година за 288 вработени во МВР

Министерството за внатрешни работи изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.

Согласно Законот за работни односи и колективниот договор на МВР, со кој е предвидена обврска на работодавачот за исплата на трошоци за храна или обезбедена храна за ноќна работа, МВР изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.

Исплатата се врши врз основа на изработени решенија за надомест за трошоци за исхрана за работа ноќе. За таа цел од буџетот на МВР се обезбедени околу 7.000.000 денари кои ќе бидат исплатени во наредните денови.

Можете да прочитате

Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Спречени два обиди за криумчарење на мигранти, приведени двајца криумчари,

Тошковски: За секој што ќе биде утврдено дека е одговорен ќе има законски последици