Утрински Весник
Економија

Започна изградбата на Откупен центар за земјоделски производи во Општина Градско

Започна изградбата на Откупен центар за земјоделски производи во Општина Градско

Велес, 5 март 2020 (МИА) – Општина Градско на локација  во населбата Градско, започна со изградбата на Откупен центар за земјоделски производи. На оваа место е планирано земјоделците од Општина Градско и поширокиот регион да можaт на големо да ги продаваат  своите разновидни земјоделски производи. За таа намена ќе биде асфалтирана и оградена површина од  2.200 метри квадратни, а која ќе има и осветлување. Со овој центар е предвидено да стопанисува ЈКП „Клепа“ од Градско.

Градоначалникот на Општина Градско, Роберт Бешковски, за МИА, информираа дека се работи за инвестицијата вредна 5 милиони и 840 илјади денари од Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој со проект за подобрување на руралната инфраструктура. Воедно тој наведува дека општината на овој конкурс конкурирала преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со седиште во Велес.

– Со изградбата на Откупен центар, земјоделците од Општина Градско и поширокиот земјоделски регион ќе имаат место каде што ќе ги изложуваат и многу побрзо и полесно на големо  да ги продаваат своите разновидни  земјоделски производи. Со тоа ќе заштедат пари и време и ќе можат да се насочат повеќе на своето производство, потенцира Бешковски.

Земјоделците од Општина Градско и поширокиот регион се едни од главните снабдители со раноградинарски и со останатите земјоделски производи кои се пласираат на пазарите во земјава и странство. ад/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk