Утрински Весник
Македонија

Започнаа активностите за уредување на стадионот во Крива Паланка

Започнаа активностите за уредување на стадионот во Крива Паланка
Dik 300x250 mk

Крива Паланка, 27 февруари 2020 (МИА) – Градскиот стадион во Крива Паланка наскоро ќе добие нов лик со изградбата на атлетска патека, терен за мини голф и скејт-парк во спортскиот комплекс во градот.

Активностите на терен отпочнаа, градежните машини ја расчистуваат подлогата и се порамнува теренот за поставување на атлетска патека.

– Уредувањето ќе се реализира како дел од проектот „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“, финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија, кој е насочен кон младите од Општината, ученици, спортисти и рекреативци, со цел нивна поголема вклученост во спорт и спортско-рекреативни активности, овозможувајќи им повеќе услови за реализација на истите, информира Службата за комуникација на Општината.

Висината на инвестицијата за сите проектни активности изнесува околу 73.000 евра, со 25 отсто кофинансирање од страна на Општината.

Предвидено е да се уреди и комплетно да се промени ликот на градскиот стадион преку уредување атлетска патека околу градскиот стадион, нејзино уредување и ставање во функција по сите стандарди на Светската атлетска федерација, уредување на мини-голф терен и изградба на скејт-парк на локацијата покрај стадионот. ид/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!