Утрински Весник
Македонија

Запленет амфетамин и марихуана, приведени двајца дилери во Карпош

Запленет амфетамин и марихуана, приведени двајца дилери во Карпош

Амфетамин е пронајден во автомобил во скопски Карпош, а полицијата приведе две лица.

Според информациите на МВР, полицијата денеска на ул. Никола Тесла во Скопје во возило „даеву“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.А. (37), а сопатник бил С.Н. (40), пронајден е амфетамин и дигитална вага.

Двајцата се приведени, а потоа е извршен претрес во домот на Д.А. каде се пронајдени амфетамин, марихуана и вага.

МВР најави дека утре ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка