Утрински Весник
Македонија

Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепско

Полициски службеници од Прилеп, извршија три претреси во селото Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје (пет пушки) и пронајдено и одземено едно патничко моторно возило кое претходно било пријавено за украдено.

„Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот