Утрински Весник
Македонија

Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведен маж

Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведен маж

Полицијата пронашла голема количина пиротехнички средства во дом и други простории на жител на Кичево. Сопственикот е приведен.

„ На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол