Утрински Весник
Македонија

Запленети амфетамин и марихуана, приведен дилер во Влае

Запленети амфетамин и марихуана, приведен дилер во Влае

Приведен е 38-годишен дилер од Влае, откако полициски службеници вчера го сопреле неговото возило во скопската населба.

„При извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со синтетичка дрога амфетамин. При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба“, информираат од МВР.

Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до скопското Обвинителство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање