Утрински Весник
Свет

Западнонилскиот вирус откриен во Белград

Западнонилскиот вирус откриен во Белград

За време на анализата на комарците во Белград, лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чистоша“ го открила западнонилскиот вирус.

Оттаму ги предупредуваат граѓаните да се однесуваат одговорно, да користат средства за отстранување комарци и мрежи за заштита, како и да избегнуваат да остануваат надвор за време на најголемата активност на овие инсекти, од 19 часот до полноќ, кога тимовите исто така вршат активности за сузбивање на комарците.

„ Апелирам до моите сограѓани да бидат внимателни и да не ги игнорираат симптомите и да повикаат доктор поради висока температура и главоболка, слабост или осип во пределот на градите”, изјави директорот на ЈКП “Градска цистоша” Марко Попадиќ.

Тој апелираше до своите сограѓани да не се мешаат во постапувањето на компанијата и да им дозволат на тимовите интензивно да ги сузбијат комарците, бидејќи тоа е најважно во овој момент.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан