Утрински Весник
Свет

Западен експерт за Русија: Украина победува

Западен експерт за Русија: Украина победува
Dik 300x250 mk

Украина ја добива војната во својата земја, вели експерт за Русија и Источна Европа. Марк Војџер, од Трансатлантската програма за одбрана и безбедност во Центарот за европски анализи, за „Скај њуз“ изјави дека Украина победува на повеќе страни.

„Украина победува на теренот, тактички, оперативно, меѓународно, стратешки“, рече Војџер. „Ќе кажам дека информациската војна е секако клучна“, додаде тој. „За жал, знаете, Путин уште е на власт и ја добива војната дома“, смета овој аналитичар.

А потоа се посвети подетално и на Владимир Путин. „Тој полека, но сигурно повторно го создава советскиот систем – тоталитарен систем кој забранува какво било несогласување и го задушува пристапот до слободни информации“, рече тој.

Но, на меѓународно ниво, смета Војџер, Украина победува. „Дома Русија ќе победува додека не успееме да го пробиеме тој дебел ѕид на лаги и пропаганда и да го убедиме рускиот народ дека тој е лош дури и за Русите“, вели експертот.

Смета и дека НАТО треба да патролира по Црното Море.

„Црното Море сега се претвора во руско езеро исто како што беше Азовското Море, а Црното Море всушност го делат неколку членки на НАТО: Романија, Бугарија, Турција“, рече тој. „Значи, би рекол дека на крајот треба да го направиме тоа“, вели Војџер.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп