Утрински Весник
Македонија

Занаетчиската комора на Северна Македонија предлага ослободување од придонеси и персонален данок на занаетчиите за март, април и мај

Занаетчиската комора: Потребно е да се преземаат чекори за надминување на кризата каде занаетчиството е директно погодено

Крива Паланка, 19 март 2020 (МИА) – Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија предлага мерки за помош во надминување на негативните ефекти врз занаетчиството од состојбата со Ковид-19.
-Наш предлог е занаетчиите да се ослободат од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата. Исто така предлагаме и времен престанок на работата на занаетчиите кои се во директен контакт со  луѓето како: фризери, козметичари, педикири и маникири, се наведува во соопштението од Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска Комора на РС Македонија.
Во соопштението се наведува дека добро развиено занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на домашниот и странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност.
– Со оглед на важноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја, неминовно е во новонастаната ситуација во државата и ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано, да понудиме преземање чекори за надминување  на кризата во која занаетчиството е директно погодено, додаде Фазлији. ид/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИСЧЕЗНА 25-ГОДИШНА МАКЕДОНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Седум дена се трага по неа!

Пукотници со огнено оружје во Количани: Приведени две лица

Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери