Утрински Весник
Свет

Заменик градоначалникот на Мариупол: Не знам дали моите родители се живи, ни треба уште оружје

Заменик градоначалникот на Мариупол: Не знам дали моите родители се живи, ни треба уште оружје

Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов изјави за Sky News дека украинската армија е многу силна и храбра и може да ја брани Украина и дека се надева дека ќе успее.

– Апсолутно сум сигурен дека ќе дадам се од себе, дека ќе се бори до последниот куршум за да го заштити Мариупол – рече Орлов, додавајќи дека Украина нема оружје за да го заштити својот народ од воздушни напади.

– Осум различни авиони го бомбардираа градот и го срамнија со земја во текот на ноќта. Целосно ја уништија нашата најголема фабрика за челик, таа повеќе не постои, Ги уништуваат сите згради околу неа – Ни треба повеќе оружје за да ги заштитиме нашите жени, нашите деца, возрасните, од воздушни напади – рече Орлов.

Тој додаде дека осум дена не бил во контакт со родителите и братот и дека не знае дали се живи.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма