Утрински Весник
Македонија

Законот за ЈО е темел на реформите во правосудството, гарантира неселективна правда и не дозволува скриена амнестија

Законот за ЈО е темел на реформите во правосудството, гарантира неселективна правда и не дозволува скриена амнестија

Скопје, 12 февруари 2020

Пред граѓаните ветивме правда, силна правна држава и независно судство.

Законот за јавно обвинителство, кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство кое е темел на силна правна држава.

Со законот се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Покрај зајакнувањето на правната држава, овој Закон гарантира дека нема скриена амнестија за никого и дека секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.

Очигледно тоа им пречи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ па затоа веќе цела година прават се, ова законско решение да не се донесе, да не завладее правната држава.

Затоа и брзаат да се распушти Собранието. Се надеваат дека на тој начин Законот за јавно обвинителство нема да се најде на пленарна седница и дека со тоа нема воопшто да се изгласа.

Тоа е уште еден очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ да избега од правдата и да ги попречува процесите на интеграцијата во ЕУ. Но тоа нема да им успее.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство.

Затоа ги повикувам сите пратеници, да бидат на висина на одговорноста и да се стават во функција на правната држава и овој Закон зад кој застанаа и нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД да биде донесен со потребното мнозинство.

Владеењето на правото, силна правна држава и независно судство се основата на секое демократско општество. Како пратеници имаме обврска тоа да го обезбедиме и ќе го обезбедиме преку носењето на Законот за јавно обвинителство.

Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали