Утрински Весник
Економија

Заев: 450 компании се подготвени веднаш да обезбедат пракса за средношколците од стручните училишта

Заев: 450 компании се подготвени веднаш да обезбедат пракса за средношколците од стручните училишта

Премиерот Зоран Заев денеска во Тетово беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на швајцарската амбасада во земјава, фокусирана на реформата во образованието, со посебен аспект на стручното образование.

„Владата како дел од своите приоритетни го стави и социјалниот дијалог преку кој ќе ги идентификуваме потребите на пазарот на труд и ќе направиме модификации во образовниот систем. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието, насочувањето и градењето на високостручни кадри. Кадри кои веднаш се подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакна премиерот на дебатата под слоганот „Учи паметно, работи стручно“.

Во неа учествуваа и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, како и гости од средните стручни училишта и бизнис заедницата.

Станало збор и за досегашната соработка со бизнис секторот при што нагласено било дека повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025