Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев-Јанакакис: Политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување

Заев-Јанакакис: Политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување
300x250 opst2

Претседателот на Владата Зоран Заев се сретна со Димитрис Јанакакис, амбасадор на Република Грција, кој го завршува својот мандат во нашата држава.

Премиерот Заев се заблагодари на амбасадорот Јанакакис за неговиот конструктивен придонес во Договорот од Преспа, како и за искрените заложби за унапредување на односите помеѓу двете држави и народите во нив.

Заеднички е констатирано дека политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување и придобивките се обострани: бенефити во квалитетот на живот на граѓаните на двете држави како и стабилност и просперитет. На состанокот е изразена поддршка за пристапниот процес на Република Северна Македонија кон ЕУ.

„ Активно продолжуваме со реформските процеси дома и со политиките на дијалог, пријателство и добри односи со соседите, бидејки нашата иднина е европска. Благодариме за поддршката од Република Грција и во реализацијата на оваа стратешка цел за нашата држава“, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано за унапредувањето на економската соработка, преку поголема соработка на стопанските комори, во делот на инфраструктурата, за меѓуграничните олеснувања на движењето на граѓаните. Констатирано е дека продолжува соработката на двете држави и во време на пандемијата и се гледаат големи можности за нејзино интензивирање, во сите области.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите