Утрински Весник
Македонија

Заев – Шентоп: Силна поддршка од Турција за развојот и интеграциите на нашата држава

Заев – Шентоп:  Силна поддршка од Турција за развојот и интеграциите на нашата држава

Премиерот, Зоран Заев, придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и од замениците министри за политички систем и за труд и социјална политика, Илхан Раман и Енвер Хусеин, се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција и со парламентарна делегација од Турција.

„На состанокот е констатирано дека пријателските билатерални односи помеѓу двете држави се унапредуваат, што го покажува активната економска соработка, како и трговските односи коишто се одржуваат без видливи загуби и во време на пандемијата. Исти така, нагласено е дека посетата на парламентарната делегација од Турција, со цел присуство на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик во нашата држава, во услови на специфичната здравствена состојба во светот, е потврда на културните врски и меѓусебното, како што беше констатирано, идентитетско признавање, помеѓу народите на двете земји“, соопштија од Владата.

Заев се заблагодарил за поддршката што ја дава Турција на нашата држава од осамостојувањето на државава до денес и посочил дека Турција е меѓу најголемите инвеститори во нашата држава и изразил посебна благодарност за помошта во областа на здравството во време на пандемијата, како и за поддршката на Армијата, во рамки на НАТО партнерството.

„Успешно градиме едно општество за сите во нашата држава. Го честитаме Денот на наставата на турски јазик во земјава и го одбележуваме со достојна почит, бидејќи сме определени кон соживот и еднакви услови за живот за сите граѓани. Фокусирани сме кон пријателства и со нашите соседи и со нашите меѓународни партнери, со што го потврдуваме нашиот европски начин на однесување и функционирање“, рече премиерот Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме