Утрински Весник
Македонија

Заев: Силно веруваме во концептот Парите кај граѓаните, повисоки плати во сите сектори, а ќе растат и најниските пензии

Заев: Силно веруваме во концептот Парите кај граѓаните, повисоки плати во сите сектори, а ќе растат и најниските пензии
Img 5587

Скопје, 29јуни 2020 (МИА) – Во изминатите две и пол години, СДСМ во целост го реализираше концептот Парите назад кај граѓаните со што се зголеми животниот стандард и куповната моќ на нашите граѓани, а оовој концепт не отстапивме и во време на глобална економска и здравствена криза, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Дојран.
Тој додаде дека концептот Парите кај граѓаните е концепт во кој силно веруваат и оти тоа ќе го покажат во следниот мандат, парите уште повеќе ќе завршуваат кај граѓаните.
-До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа е за дури 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Со СДСМ платите во сите сектори ќе растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари.
Истовремено со раст на платите ќе растат и пензиите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 отсто, изјави Заев.
Најави дека успешниот проект Мој ДДВ ќе продолжи и во следните четири години и дека прагот за месечен поврат на ДДВ ќе се зголеми од 600 на 800 денари месечно. -Тоа, оцени, значи 2.400 денари на квартално ниво, тоа значи 9.600 денари на годишно ниво. Тоа е приход плус во секое семејство, екстра пари кои ќе се вратат назад во економијата.
Лидерот на СДСМ истакна декан нудат модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места и обезбедува повеќе пари во секое семејство.
-Затоа, порача, на 15 јули очекуваме силна поддршка за нашиот концепт кој обезбедува повеќе пари кај секој граѓанин. На 15 јули со поддршка на бројот 3 и Коалицијата „Можеме“ граѓаните ќе потврдат дека повисоки плати и пензии, повеќе пари во семејствата е вистинскиот, правиот пат по кој треба да се движат нашата држава и нашата економија.скс/лв/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион 

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија