Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Заев-Сера: Историската посета на Мадрид исчекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји

Заев-Сера: Историската посета на Мадрид исчекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој го завршува својот мандат во нашата земја.

На средбата, беше изразено задоволство од посетата на премиерот Заев на Кралството Шпанија во мај годинава, оценувајќи ја како исклучително важна како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, при што беа остварени средби со шпанскиот премиер Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат.

Премиерот Заев изразувајќи искрена почит и признание, на амбасадорот Лоренцо Сера му врачи благодарница за личниот посебен придонес на амбасадорот кон зајакнување на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија како и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за напредокот на процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.

Премиерот Заев оценувајќи ги како особено добри и пријателски односите со Кралството Шпанија, подвлече дека граѓаните на Северна Македонија засекогаш ќе ја паметат и почитуваат поддршката и вонредното ангажирање и гестот кој шпанскиот Сенат го направи со овозможување на електронско гласање на Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО, во исклучително тешки услови на почетокот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Двајцата соговорници разменија мислења и за внатрешно – политичката состојба во земјата, согласувајќи се дека ќе продолжи соработката меѓу двете земји со цел јакнење и продлабочување на економски план и интензивирање на размената на искуства од областа на културата, образованието, судството.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања 

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена