Утрински Весник
Македонија

Заев: Попишани повеќе од 50.000 лица од дијаспората

Заев: Попишани повеќе од 50.000 лица од дијаспората

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил информира за попишувањето во дијаспората, посочува дека истото е во тек, а досега се попишани над 50 илјади лица.

„Целта на самоопишувањето на нашите иселеници во странство во што е можно поголем број е државата да има јасна слика за бројот на лицата кои се отселиле, нивната возрасна, образовна и економска структура, од каде се иселиле и во кој период“, пишува Заев.

Попишувањето на нашата дијаспора е во тек и досега се попишани повеќе од 50.000 лица. Македонските државјани кои подолго…

Posted by Zoran Zaev on Недела, 14 март 2021

Македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство имаат можност на едноставен начин, да се самопопишат и на тој начин да се впишат во базата на нерезидентно население преку линкот https://census.stat.gov.mk/.

Според премиерот, овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии, за политики за намалување на емиграциониот бран и за обезбедување силни и трајни врски меѓу македонските граѓани кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората.

Тој додаде дека за нас како држава, е важно да ја знаеме бројката на иселени лица со цел правилно димензионирање и насочување на услугите кои дипломатско-конзуларните претставништва им ги нудат на нашите државјани кои живеат и работат во странство.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ