Утрински Весник
Економија

Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати

Во Охридското езеро се удави 49-годишен маж
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Зоран Заев вели дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дале одлични резултати за домашните туристички капацитети.

„Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од шест отсто за домашните туристи и од девет проценти за ноќевањата, во споредба со 2019 година. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година“, наведува Заев во статус на социјалните мрежи.

 

Според него, отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможила поголем број украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот, благодарение и на зелените коридори кои земјава ги воспостави со Србија и Албанија.

Најави дека годинава предвидени се 31.000.000 денари за туризмот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна