Утрински Весник
Македонија

Заев: Парламентарното мнозинство е стабилно, одлуката на ЛДП е нивно право, но тајмингот не е најсоодветен

Заев: Парламентарното мнозинство е стабилно, одлуката на ЛДП е нивно право, но тајмингот не е најсоодветен

Премиерот Зоран Заев изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно, одговорот следеше по новинарско прашање околу одлуката на ЛДП за самостоен настап на политичката сцена.

„Парламентраното мнозинство е стабилно, одлуката на ЛДП за самостоен настап е донесена уште при формирањето на владината коалиција, а причината за тоа е да имаат поголема видливост. Тоа е нивно прво, го почитуваме, но сметам дека сега не е најсоодветниот термин за тоа“, истакна претседателот на СДСМ.

Премиерот Заев додаде дека ваквиот потег на ЛДП создава простор за отворање на непотребни прашања во јавноста и може да се толкува како удар врз СДСМ, акцентирајќи дека може лесно да се провери колку тоа Христијан Мицкоски лаже дека имало ново парламентарно мнозинство.

„Во околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор од страна на ЛДП може да значи порака за повредување на коалицискиот или заедничкиот настап. Јас тврдам дека имаме одлична соработка. Исто така тврдам дека тоа не е потребно токму сега, можело да се почека 15 или 30 денови кога актуелноста на темата ќе помине. Не е вистински временски одмерено, може да се смета како удар врз СДСМ, иако е целосно нивно право и тоа го почитувам “, рече Заев.

Според него, ЛДП е посебна политичка партија која има свои органи и тела на одлучување.

„Во Собранието имаме целосен кворум од 62 пратеници, многу брзо време ќе го докажеме тоа дека мнозинството е стабилно а можеби и ќе имаме поголема поддршка“, порача Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!