Утрински Весник
Политички Партии

Заев: Од економските мерки за справување со кризата, прво се испорачаа 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите

Заев: Во Буџетот ќе недостигаат 2,2 милијарди евра, сега сите мора да стиснеме заби

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Многу е важно да знаат граѓаните дека од пакетот економски мерки за справување со кризата, прво се испорачаа големиот пакет од 200 милиони евра за поддршка на работниците, на стопанството и фирмите, напиша на својот фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочува дека како и другите политички партии, така и СДСМ дала предлози до Владата со цел справување со кризата во државата.

-Мерките имаат за цел да ги задржат работниците на работа и да им обезбедат минимум приход, како и за санација на буџетот, за да може да ги финансира основните функции на државата и за социјалните придонеси, напиша на Фејсбук Заев. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт