Утрински Весник
Македонија

Заев: Одложување на изборите и прогласување вонредна состојба

?

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Прогласување на вонредна состојба, одложување на изборите и преземање економски мерки за помош на стопанството и граѓаните, се предлозите кои денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев ги презентирал пред претседателот Стево Пендаровски и политичките партии на лидерската средба на Водно.

-На средбата го споделивме ставот дека нема услови за сроведување на изборите и како одговорни политичари, сите наши капацитети и ресурси ги стааме во финкција за заштита на граѓаните во борба притив коронавирусот. Согласно анализите и проекциите за економските последици, подготвуваме сет на економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните, истакна Заев по лидерската.

Информираше дека на лидерите и на претседателот им укажал на потребата за воведување воредна состојба за да може пефикасно да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните но и за економските мерки за помош на стопанството и граѓаните.

Заев се заблагодари на сите кои учествуваат во борбата против вирусот, како што се МВР, Армијата и службите и апелираше сериозно да се сфати ситуацијата и доследно да се почитуваат мерките и препораките од Владата.

– На сите ни стана јасно колку е сериозна оваа здравствена криза предизвикана од коронавирусот. Важно е сите граѓани, институциите и политичките партии да останат посветени на заштитата од натамошното ширење на заразата кое најдобро се постигнува со почитување на мерките, порача лидерот на СДСМ.

Заев рече дека очекува по средбата на Пендаровски со експертите да најдат правни лекови за одложување на изборите и за повторно закажување. бк/са/

Изјави по завршувањето на лидерската средба

ВО ЖИВО Изјави по завршувањето на лидерската средба

Posted by Stevo Pendarovski on Вторник, 17 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер