Утрински Весник
Економија

Заев: Недела како неработен ден е исчекор кон унапредување на работничките права

Заев: Недела како неработен ден е исчекор кон унапредување на работничките права

Од 1 јануари 2022 година недела станува ден на неделен одмор и со тоа правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда.
Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците во Собранието на Северна Македонија ги усвоија измените на Законот за работни односи, со кои недела станува ден на неделен одмор, напиша на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев.

Новиот закон предвидува: 50% повисока дневница за работниците ангажирани во дејности кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, 100% повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки, потсетува Заев во напишаното.

Со ова законско решение, додава тој, се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот.

„Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Им честитам на сите работнички и работници. Вие сте столбот на нашата економија и движечка сила на државата“, напиша Заев на својот Фејсбук статус.

Можете да прочитате

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

Инвертер клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика издвојува 170 милиони денари за борба против енергетската сиромаштија