Утрински Весник
Економија

Заев на средба со менаџментот на првата јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра

Заев на средба со менаџментот на првата јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра

Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании „Дура аутомотив системс” и „Алмак“ одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев, на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава.

Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија. Почетокот на производството се планира за следната година.

Премиерот Заев ги поздрави заложбите за инвестиции во земјава, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст.

На средбата во Влада, присуствуваа и директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески.

Компанијата од Јужна Кореа, „Алмак“, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70%, а главна причина за нивната одлука за инвестирање во земјава, како што беше истакнато на состанокот, е позитивното искуство на нивниот бизнис партнер „Дура аутомотив системс“, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија