Утрински Весник
Економија

Заев на средба со грчки бизнисмени: Придобивка ќе биде избегнувањето на двојно оданочување

10092020 ПВРСМ Средба 1

 

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретна со Арис Влахос, претседател на Грчката бизнис асоцијација во Скопје и со претставници од Асоцијацијата, во којашто членуваат големите грчки компании, коишто работат во државава.

На средбата се изразени честитки за изборот на премиерот Заев и на новата Влада во земјава, на којашто се гледа како на двигател на евроатланските процеси на нашата држава и на билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

На состанокот е разговарано за проширување на соработката помеѓу двете земји преку значително и ефикасно унапредување на економската соработка.

Целта е отворање можности за развој на компаниите и на економиите на двете држави, за што постојат реални услови и во што може да даде свој придонес Грчката бизнис асоцијација во Скопје. Во таа насока разгледани се и некои конкретни иницијативи, како што е реафирмација на иницијативата за избегнувањето двојно оданочување, како можност за придобивки за двете страни.

„Претстои период во којшто граѓаните од нашите две држави ќе почувствуваат бенефити од зацврстените пријателски односи. Тоа е возможно преку економијата и активно ќе соработуваме со нашиот стратешки партнер Грција“, рече премиерот Заев.

Заеднички е ставот дека е дојдено време кога граѓаните на Република Северна Македонија и на Република Грција ќе почувствуваат и економски бенефити, по Договорот од Преспа, низ ефикасна соработка помеѓу компаниите и бизнис заедниците од државите, како на билатерално, така и на регионално ниво.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Половните автомобили поскапуваат, додека електричните автомобили ја губат вредноста

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Левица: Со партизирање на гувернерското столче монетарната политика се подредува на партиските интереси