Утрински Весник
Македонија

Заев му го честиташе на Курти повторниот избор за премиер на Косово

Заев му го честиташе на Курти повторниот избор за премиер на Косово
Dik 300x250 mk

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки до Албин Курти по повод неговиот повторен избор за премиер на Косово.

Во писмото, премиерот на својот косовски колега му посакува успех во извршувањето на функцијата и изразува задоволството од пријателските односи меѓу Северна Македонија и Косово.

„Нашата соработка се остварува низ отворен политички дијалог, заснован на меѓусебно уважување и почитување, низ интензивна економска и трговска соработка, тренд кој очекуваме да продолжи со несмален интензитет“, пишува Заев во писмото до Курти.

Заев изразува и надеж за скорешна средба со Курти за консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји.

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра