Утрински Весник
Македонија

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци.

Вели дека укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и нивна програмска определба.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци. Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“, напиша Николовски на социјалните мрежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на структурите и финансиските текови зад трговијата со дрога